Институт за дизајн и технологија ЗА НАС

Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје е основан 2020 година со цел развој и поддршка на прогресивни образовни политики и иницијативи од неформално и формално образование преку едукација и имлементација на проекти и активности поврзани со дизајн и технологија.

  • Едукативни програми од последната генерација;
  • Проекти и иницијативи коишто ги поврзуваат технологиите со образованието, дизајнот и уметноста; Skala Magazine, Skala School, Startup Club Skopje..;
  • Помош при регрутација на кадри за најбараните професии денес, сите типови на дизајнери, програмери, 3Д моделари, аниматори, маркетери, product owners и сл.

МИСИЈА

Развивање на нови образовни модели и нивно постојано усовршување преку изучување на најновите технологии и нивната примена во дизајнот и уметностите со цел доедукација, специјализација и преквалификација на врвен кадар, подготвен да создава со пасија и иновира со љубов.

ВИЗИЈА

Нов свет на едукација, иновации и развој каде што секој студент е среќен во процесот на изучување, спознавање, истражување и создавање. Свет во којшто студентите, менторите и индустријата се поврзани во една заедничка мисија.

ЗАЕДНИЧКА МИСИЈА

Секој наш студент е дел од процесот на истражување и развој преку поддршка на проекти и иницијативи од самиот Институт, менторите и партнерите (организации, институции и компании), каде што со практична примена на своето стекнато знаење од областите на информатичките технологии, дизајнот и применетите уметности, создаваат иновации и позитивно влијание и промена во севкупниот општествен и образовен систем.

ЦЕЛИ:

  • Едукација на врвен кадар од областите на информатичките технологии, дизајнот и уметноста;
  • Кариерно насочување и поврзување на студенти и ученици од формално и неформлано образование;
  • Развој и поддршка на социо-образовни проекти за позитивно општествено влијание, иновација и зајакнување на севкупниот општествен и образовен систем;
  • Развој и имлементација на иницијативи за подобрување на законите во образованието, квалитетот на програмите и наставата во неформалните тренинг-центри и поттикнување на нови хибридни модели во образовниот систем каде што ќе се земат најдобрите практики од формалното и неформалното образование;
  • Создавање на целосно нов свет на едукација со примена на најновата технологија којшто брзо и лесно ќе се приспособува на идната побарувачка и промените во индустријата и истиот ќе биде применлив во сите нивоа на едукација.