Проект SMART SCHOOL

SMART SCHOOL е проект на Институтот за дизајн и технологија - ИДТ Скопје, поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој - ФИТР којшто предвидува дигитализација на најпопуларните наставни програми од Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ и нивно комбинирање во нови уникатни онлајн продукти. Сите програми се бесплатни за млади лица до 30 години кои, поради пандемијата, го изгубиле своето работно место со цел нивна доедукација и преквалификација за започнување нова кариера во креативните индустрии.

Започнете ја својата дизајн приказна со Smart School!

Logo - Project Smart School - Institute of Design and Technology - Skopje

КОИ ПРОГРАМИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО ОВОЈ ПРОЕКТ?

I. Пакет на едукативни програми од три модули: фотографија, постпродукција на фотографија и дизајн процес (дигитална илустрација и графички дизајн) каде што секој студент практично го изучува процесот на создавање „дизајн-производ“ преку целосна сопствена разработка без користење на готови материјали од интернет (stock images, итн.) или од други автори. Овие три модули се основа за било кое графичко решение и главни елементи кои треба да ги познава секој графички дизајнер.

МОДУЛ 1 – ФОТОГРАФИЈА
Целта на студентот во овој модул е да ги совлада елементарните фотографски карактеристики и техники (бленда, експозиција, исо), како и запознавање со ликовните елементи и принципи (композиција и светло) преку работа на еден проект од идеја (почнувајќи од првиот час) до реализација (на последниот час). По завршување на овој модул, студентот може да ги продлабочи своите знаења и научи како фотографиите да добијат еден финален изглед со помош на Adobe Photoshop во модулот постпродукција на фотографија.

МОДУЛ 2 – ПОСТПРОДУКЦИЈА НА ФОТОГРАФИЈА
Целта на студентот во овој модул е да се запознае со софтверските алатки и да ги совлада потребните алатки за постпродукција (обработка) на фотографија: композиција, ретуширање, светло, контраст, боја, текстура и основи на фотомонтажа, работејќи на една фотографија од првиот до последниот час. 

МОДУЛ 3 – ДИГИТАЛНА ИЛУСТРАЦИЈА И ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
Целта на студентот во овој модул е да се запознае со софтверската алатка Adobe Illustrator и да ги совлада потребните алатки за обликување на графички елементи, преку: типографија, алатки и навигација во простор, цртање со основни геометриски форми, четки, цртање на линии и форми, градиенти, разработка на уметнички дела во патерни, работа со арт борд итн.; 

II. Индивидуалната програма нуди можност да се одбере само еден модул од понудените. Модулот ќе биде достапен на студентот 30 дена од денот на купувањето.

ЗА КОГО СЕ НАМЕНЕТИ ПРОГРАМИТЕ ОД SMART SCHOOL?

  • млади лица до 30 години кои, поради пандемијата, го изгубиле своето работно место. За овие лица програмите се бесплатни;
  • сите оние кои сакаат да започнат кариера како фотографи, илустратори или графички дизајнери;
  • сите оние кои работат како фотографи, илустратори и/или графички дизајнери, но сакаат да се усовршат во одреден процес, надополнат знаења или стекнат нови искуства;
  • сите лица кои фотографијата и дизајнот им се пасија и хоби.

ШТО ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА?

  • секој слушател ќе добие електронски сертификат за посетувана програма „Дизајн во три фази“ со опис на модулите или сертификат, согласно посетуваниот модул.

Проектот е поддржан од

ВРЕМЕТРАЕЊЕ
I. Пакет од три модули | 60 дена пристап
II. Индивидуален модул | 30 дена пристап


ЈАЗИК
Македонски


ГРУПИ
Неограничено


ЦЕНА

360 € | пакет од три модули

160€ |  модул 1: фотографија
120€ |  модул 2: постпродукција на фотографија
120€ |  модул 3: графички елементи

*За лица до 30 години кои, поради пандемијата, го изгубиле своето работно место овие програми се бесплатни. Критериуми:  приложување на увид на Решението за отказ или приложување на М1М2 образец за одјава на работник од 1 март 2020 година, до денес; доказ дека отказот бил доделен поради економската криза со КОВИД 19 вирусот; лицето да е на возраст до 30 години, со што се овозможува помош на млади лица.

Наставата се одвива целосно онлајн.

Секој учесник е потребно да поседува инсталација на софтвер: Adobe Photoshop и Adobe Illustrator.

Наставен координатор
Ангела Николовска
00 389 76 266 740
info@idt.mk


Финансии и администрација
Оливера Матакова
00 389 76 266 730
olivera.matakova@idt.mk