Курс EMPLOYER BRANDING
НОВ ONLINE КУРС! EMPLOYER BRANDING! Усоврши ги своите маркетинг вештини и стекни нови знаења за една од најбараните професии на денешницата...

ШТО Е КУРСОТ?
Најбрзорастечките индустрии и компании денес имаат постојана потреба од подобрување и зголемување на постојните тимови. Денес, ниту еден HR и Recruitment сектор не може да се замисли без помош од лице кое ќе знае како да ја раскаже компаниската култура и претвори вработените во свои амбасадори. Employer Branding обуката ќе ви понуди алатки, конкретни насоки и успешни примери од пракса со цел стекнување на вештини потребни за да креирате успешна Employer Branding стратегија за привлекување на најдобрите таленти во својата компанија, фирма, стартап или организација. Оваа обука е одлична за сите маркетери, регрутери и одговорни лица за човечки ресурси, како и сите ентузијасти кои посакуваат нова вештина или нов кариерен предизвик!
Со оваа обука конкретно ќе опфатиме:
- Разлики помеѓу корпоративно брендирање и employer branding;
- Влијанието на employer branding врз деловниот успех на компанијата;
- Како изгледа денешната модерна работна сила и нивните преференции при изборот на работодавач;
- Како да привлечете, задржите и вклучите вистинските таленти за вистинските улоги;
- Примери од реални компании преку анализа на студија на случај;
- Клучни индикатори за успех за следење на Employer Branding-от.
Со вклучување во оваа обука ќе добиете пристап до:
- Алатки, темплејти и успешни примери;
- Пристап до заедница за Employer Branding каде ќе може да се консултирате и со останати колеги во иднина;
- Примери од компании со успешен Employer Branding.
Следење на настава
Наставата се следи онлајн на Zoom со сесии во живо и затворена група за размена на информации, комуникација со останатите членови од групата и консултации со инструкторот вон наставните сесии.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
- Employer Branding ентузијасти;
- Регрутери и одговорни лица за човечки ресурси;
- Менаџери за маркетинг и комуникации чија стратешка цел е привлекување на таленти;
- Сите лица кои сакаат да започнат кариера во областа на Employer Branding.
КОИ ПРЕДМЕТИ ЌЕ СЕ ИЗУЧУВААТ?
Овој модул ќе ви даде разбирање за вредноста на брендирањето на работодавачот и клучните чекори што треба да ги преземете. Ќе ви помогне:
- да воспоставите цврста основа за вашата стратегија за employer branding;
- да ја разберете вредноста на employer branding;
- да направите разлики помеѓу corporate и employer branding;
- да го идентификувате талентот што и треба на вашата организација/компанија;
- да направите преглед на моменталниот статус (monitoring) на вашиот employer branding или постоечка ИТ компанија;
- да дознаете алатки за скенирање на постојната employer branding стартегија.
Овој модул ќе ви помогне да ги идентификувате вашите цели и да ја дефинирате вашата понуда за вредност со цел да изградите стратешки посилен employer branding и поефикасно да стигнете до талентирани вработени според потребите на вашата организација.
Ќе дознаете и:
- Како да ја развиете вашата понуда за вредност на работодавачот (EVP)
- Како да ги поставите вашите стратешки цели – KPIs
Овој модул ќе ви помогне да ја пренесете вистинската порака до вистинските луѓе преку вистинските медиуми. Ќе научите како:
- да го воспоставите вистинскиот визуелен идентитет за вашиот employer branding;
- да го развиете вашиот план за активирање на employer branding-от;
- да создадете buyer personas и локализирате employer branding-от.
Овој модул ќе покаже како да комуницирате и да стекнете поддршка од вашите тимови. Ќе ви помогне да се фокусирате на тоа вашата организација да го испорача вистинското искуство, но и измерите вашиот успех. Ќе научите:
- Како да ги известувате и информирате кратко, јасно и прецизно вашите стејкхолдери;
- Како да го усогласите и пратите целокупното искуството на засегнатите страни за employer branding-от;
- Како да ја процените, евалуирате и подобрите вашата стратегија.
Овој модул има за цел да ве поттурне кон започнување на користење на знаењата и алатките што сте ги стекнале за време на обуката со фокус на последната, завршна вежба како вистинска студија на случај, изработка на индивидуален проект кадешто ќе го примените вашето знаење, ќе ги искористите алатките и структурата. Завршниот проект ќе биде претставен преку кратка презентација во живо пред претставници од компаните кои сте ги избрале каде ќе добиете корисни повратни информации од нашиот искусен тренер за Employer Branding.
Времетраење
15.03.2023 – 12.04.2023
10 термини | два пати неделно
Фонд на часови
20 часа настава
Термини
понеделник и среда
18:00 – 20:00
Јазик
Македонски
Цена
165€ на две еднакви рати
145€ за еднократна уплата
99€ за студенти [со можност на две еднакви рати]
Следење на настава
Наставата се следи онлајн на Zoom со сесии во живо и затворена група за размена на информации, комуникација со останатите членови од групата и консултации со инструкторот вон наставните сесии.
Уписи
Академии и курсеви
+389 78 227 825
info@idt.mk
[МЕНТОР]
МОНИКА РИЗОВСКА
Employer Branding Консултант, Growth Маркетер во Emteq Labs, Women in tech Амбасадор во Македонија, Ко-основач на Ways2Help
ОБРАЗОВАНИЕ
Додипломски студии – Е-бизнис на Економски Факултет- Скопје и МБА студии на Американ Колеџ (во тек).
РАБОТНО ИСКУСТВО
Моника Ризовска е искусен Employer Branding маркетер со над 12 годишно искуство во ИТ индустријата со работно искуство во Seavus едукативен и развоен центар, Endava, Cosmic Development и консултантско искуство за Employer Branding во повеќе интернационални ИТ компании. Таа е основач и Women in tech Амбасадор во Македонија повеќе од 10 години и Ко-основач и претседател на Ways2help – организација за помош на социјално загрозени лица.
Покрај employer branding, нејзина пасија е и јавното говорење, организирање и учества на хактони и конференции. Има учествувано на вкупно 54 хакатони, конференции и настани каде што освен искуството за изработка на решенија, се стекнува со многубројни тимски и индивидуални награди од коишто најзначајни се освоеното прво место на СтартАп Викенд-ковид каде победува со својот тим за Ways2Help решението. Активно придонесува како ментор, судија и организатор на настани поврзани со технологија и преку Women in tech иницијативата како Амбасадор на Македонија. Во своето досегашно искуство има и повеќегодишна континуирана работа како консултант и ментор за развој на брендови, продукти и кризна маркетинг стратегија..
ДЕНЕС
Employer Branding Консултант, Growth Маркетер во Emteq Labs, Основач и Амбасадор на Women in tech Македонија, Ко-основач на Ways2help.