Курс CLO3D – 3D МОДЕЛИРАЊЕ НА ОБЛЕКА

НОВ ONLINE КУРС! VIRTUAL FASHION! Преку изучување на софтверот Clo 3D совладајте ги техниките за 3Д моделирање на облека, нејзина визуелизација и прототипирање.

clo3d-course-text-white-png

ШТО Е КУРСОТ?

Стекни се со практични вештини од 21век кои се барани во целиот свет и биди конкурентен во модната индустрија со одлични можности за кариерен напредок и работа од далечина! Курсот Clo3D е наменет за сите креативци кои сакаат да научат 3Д моделирање на облека и да се впуштат во авантурите на дигитално дизајнирање и виртуелна мода преку практични предавања и вежби.

Целта на курсот е да ве подготви за 3Д визуелизација на вашите дизајни, создавање на дигитални шаблони, виртуелни модификации на прототип од почетна идеја до детално финализирање на продукт подготвен за производство.

Следење на настава
Наставата се следи онлајн на Zoom со сесии во живо и затворена група за размена на информации, комуникација со останатите членови од групата и консултации со инструкторот вон наставните сесии.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?

  • модни дизајнери и моделари коишто сакаат да бидат поконкурентни на пазарот усовршувајќи ги своите знаења со употреба на најновите технологии во процесот на дизајнирање, моделирање, визуализација и прототипирање на облека;
  • компании кои посакуваат позитивно да се менуваат преку дигитализација на процесите во креирањето на облека;
  • сите креативци кои сакаат да научат 3Д моделирање на облека и да се впуштат во авантурите на дигитално дизајнирање и виртуелна мода со големи можности за работа од далечина (freelance).

КОИ ПРЕДМЕТИ ЌЕ СЕ ИЗУЧУВААТ?

  • Запознавање со 2Д и 3Д работната површина во Clo 3D, модулите за работа, менијата и под-менијата;
  • Прилагодување на подесувања за корисници;
  • Алатки; CLO-SET; Аватари; Шиење;
  • Симулација и квалитет на симулација.
  • Создавање на форми, манипулирање со форми/патерни за шиење преку имплементација на различни 2Д алатки.
  • Користење Аватар за создавање патерни;
  • 3Д пенкало и конструкција на кројни делови користејќи 3Д алатки.
  • Осврт на деталите во дизајнирањето 3Д облека: Хардвери, Фалти, Вшитоци, Ластици, Врвки, Постава, Полнење.
  • Конструкција на женска и/или машка облека , шиење,симулација, фитинг на аватар.
  • Композиција на аутфит во 3Д (машки/женски), виртуелна презентација со позирање на аватари.
  • Изучување на дигиталната библиотека со материјали, прилагодување на материјали, текстури, текстил принтови, палети на бои.
  • Изучување и подготовка на шаблони за принт, рендерирање на готов прототип, сценографија, светла, композиција на фотореалистични рендери..

Времетраење

14.03.2023 – 20.04.2023
11 термини | два пати неделно


Фонд на часови
33 часа практично предавање + вежби


Термини
вторник и четврток
18:00 – 20:30


Јазик
Македонски


Цена
245€ на три еднакви рати
195€ за еднократна уплата
149€ за студенти [со можност на три еднакви рати]

Опрема

Секој учесник е потребно да поседува компјутер и стабилна интернет врска.
Потребни карактеристики на компјутерот | CLO system requirements (клик)


Следење на настава
Наставата се следи онлајн на Zoom со сесии во живо и затворена група за размена на информации, комуникација со останатите членови од групата и консултации со инструкторот вон наставните сесии.

Уписи
Академии и курсеви
+389 78 227 825
info@idt.mk

angela-donevska-vitrual-fashion-clo-3d-

[МЕНТОР]

АНГЕЛА ДОНЕВСКА

РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР ЗА 3Д ДИЗАЈН НА ОБЛЕКА – SOLS, АВТОР НА „TEX & TECH – ТЕКСТИЛ И ТЕХНОЛОГИИ“ И АКТИВЕН ЧЛЕН НА ДВИЖЕЊЕТО FASHION REVOLUTION – MACEDONIA.

ОБРАЗОВАНИЕ

Дипломиран Текстилен инженер при “Технолошко-металуршки факултет” на УКИМ – Скопје и алумни на академијата за Моден дизајн при СКАЛА (Џолев и уметностите).

РАБОТНО ИСКУСТВО

Професионално е ангажирана како Сениор 3Д Дизајнер  на облека во SOLS – Digital Solutions, почнувајќи од 2019та година. Посветена е на развој и имплементација на современи дигитални концепти кои водат кон поедноставување и унапредување на процесите, како во модната, така и во текстилната индустрија. Одржува успешни соработки во областа на креирање шаблони, модификација и развој на дизајни и конфигуратори за облека со странски и локални компании.

Зад себе има бројни модни ревии и изложби на кои гостува со свои дизајни. Во 2017-та се здобива со награда за истакнато дизајнерско творештво од Францускиот Институт во Скопје, а во 2018-та пласира лимитирана колекција на рачно изработени чанти под свој бренд. Заедно со колеги креативци ја создаваат “Out of the box“ – платформа за етаблирање на млади дизајнери и современи танчери како нишка помеѓу двете уметности. Во 2019-та се пласира помеѓу финалистите дизајнери на конкурсот “Hyundai driven by design”. Беше ангажирана и како Проект Асистент за WDW – Window Displays Week – Фестивал за излозите и визуелната култура во Скопје. Особено е горда на изложбата “Shapes define me” – одржана во Париз, инспирирана од културното наследство и традиционалните македонски техники во изумирање.

ДЕНЕС

Автор на „Tex & Tech – Текстил и технологии“ – 3Д платформа за мода, која го акцентира 3Д дизајнот на облека во улога на создавање дигитални прототипи пред реално производство, како бенефит со кој се постигнува наменско и квалитетно дизајнирање на продукт, детално планиран процес без прекумерено или ненаменско трошење на необновливи и ограничени ресурси.

Раководител на сектор за 3Д дизајн на облека – SOLS.

Активен член на Движењето Fashion Revolution – Macedonia.