Проект ReCulture

ReCulture: Ребрендирање на културните институции во Западен Балкан, е проект финансиран од Европската Унија, за модернизација на културните институции во Западен Балкан преку редизајн на нивниот визуелен идентитет и воведување на современи алатки во процесите на нивна комуникација.  

За реализација на проектот ќе бидат избрани млади дизајнери од Западен Балкан, кои под менторство на признати дизајнери од регионот и ЕУ ќе работат на новите визуелни идентитети на избраните институции.

Проектот се реализира од страна на неколку партнерски институции, меѓу кои и нашиот Институт за дизајн и технологија, Школата за уметност и дизајн „Џолев и уметностите“ и конзорциумот на проект – партнери: Културниот центар од Требиње, Музејот за современа уметност од Република Српска – БИХ, Факултетот за драмски уметности од Србија, Музејот за цивилизации, Франција и Институтот за културни политики, Австрија.

Ги повикуваме сите наши студенти (и млади дизајнери) да се пријават на проектот и да уживаат во неколкумесечна работа во супер креативна група, со којашто ќе патуваат низ земјите на Западен Балкан.

Продолжете со апликацијата на:

https://www.recultureproject.eu/about-contact/