ВРЕМЕ Е ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ!

На овој повик Школата за дизајн, уметност и технологија „Скала“ (основана од Џолев и уметностите) и Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје ќе доделат вкупно 24 стипендии, од кои 6 целосни стипендии (100%), 6 полу-стипендии (50%) и 12 ваучери со 30% попуст за Академиите од учебната 2022/23, и тоа:

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
МОДЕН ДИЗАЈН
ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН
UX/UI+
PRODUCT OWNERS

Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите и дел од наставниот кадар на академиите пред кои ќе имаат можност да се претстават преку два типа на интервјуа (поделени во две различни категории) и тоа, кандидати со искуство од дејноста (портфолио) и кандидати без претходно искуство.

Возможни се два типа на интервју (поделени во три различни категории), и тоа:

1. кандидати со искуство од дејноста (портфолио);
2. кандидати без претходно искуство;
3. кандидати со искуство од друга дејност (преквалификација).

Трите категории имаат различен систем на вреднување.

Пријавувањето е отворено до 15 јуни на следниот линк.

Интервјуата ќе се одржат во период од 15 до 30 јуни.

Погледни ги сите детали за програмата, менторите, начинот на одржување и можностите по завршување на Академиите 2022/23.


Институт за развој и поддршка на прогресивни образовни политики и иницијативи од неформално и формално образование преку едукација и имлементација на проекти и активности поврзани со дизајн и технологија.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ