New course for freelancers. Be Free. Be a Freelancer | IDT Skopje

НОВА ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ФРИЛЕНСЕРИ: Be Free. Be a Freelancer.



Здраво креативци!

Оваа година ја започнуваме со нова едукативна програма наменета за сите оние кои сакаат да дознаат повеќе за „фриленсингот“ како еден од најактуелните глобални феномени во начинот на работа и можности за заработка, но и започнат своја кариера како „фриленсери“.

Обуката со наслов Be Free. Be a Freelancer е специјално дизајнирана програма во соработка со IMPACT Foundation како дел од проектот #RECONOMY.

#RECONOMY е регионална инклузивна и зелена програма за економски развој на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida), имплементирана од HELVETAS Swiss Intercooperation во партнерство со Импакт Фондација и други организации вo земјите од Источното партнерство и Западен Балкан.


Програмата е поделана во два дела:

  • 30 часа | ОБУКА којашто ги покрива сите аспекти на FREELANCING-от со цел запознавање и подготовка за влез на најактуелниот глобален пазар на труд;
  • 30 часа | МЕНТОРСТВО (еден-на-еден) со цел сетирање и успешен почеток на нова FREELANCE кариера.

ПОЧЕТОК: 28 јануари
ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 28.01 – 26.02.2022
ТЕРМИНИ: петок (19:30 – 21:45) и сабота (12:30 – 15:00)
НАСТАВА: online

МЕНТОР: Горјан Стојановски, проектен менаџер во WeDisrupt.io и консултант за дигитален раст на компании, како и дел од интернационален тим кој се фокусира на стратегии за оджлив раст и развој. Freelance менаџер за дигитален маркетинг.

Регуларна цена: 8.950ден.

Промотивна цена за првите 10 слушатели: 4.473ден [50% попуст]
*[со можност плаќање на две еднакви рати]

Обуката е БЕСПЛАТНА за сите наши ТЕКОВНИ и АЛУМНИ студенти или курсисти.

Дополнително, сите АЛУМНИ членови коишто ќе ја препорачаат оваа обука на нивен пријател кој не е дел од нашите едукативни програми, ќе добијат 20 евра на нивната АЛУМНИ СМЕТКА.

Институт за развој и поддршка на прогресивни образовни политики и иницијативи од неформално и формално образование преку едукација и имлементација на проекти и активности поврзани со дизајн и технологија.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ