Dirigent ilustration for the article „How Product Owners produces value without coding“ written by Dance Maslarova Stojanovska |IDT Skopje

Како продукт-оунерот произведува вредност без да кодира

Улогата на продукт-оунерот е тешка да се објасни, нели? Кога на социјални настани ќе ме прашаат што работам, тргнувам со одговорот: „Помагам да се изработат продукти коишто даваат вредност”, но кога ќе дополнам дека не кодирам или не тестирам, честопати го добивам оној поглед: „Каде е тука додадената вредност?”. Морам да признам, тој поглед знае да заболи по напорна недела или месец, иако знам дека збунетоста е на место. 

Ако оркестарот може да свири без диригент, тогаш и скрам-тимот може да гради продукт без продукт-оунер, нели? Но, дали скрам -тимот навистина има потреба од продукт-оунер? Пред да навлезам во одговорот на ова прашање, ќе објаснам накратко за улогата на диригентот во еден оркестар…

Пред 1820 година, повеќето оркестри немале диригенти. Оркестрирањето било само помошна улога на еден член на ансамблот. Главната работа му била свирењето, а водењето на настанот – помошна. 

Диригентите станале позастапени како што оркестрите станувале поголеми. Колку биле поголеми,  толку подолго му требало и на звукот да пропатува од едниот до другиот крај. Тоа во пракса резултирало со преклопување на звукот на инструментите, пример виолината со тапанот, па наместо хармонија, станало раштиман звук. Значи, да се има посветен диригент станало неопходно и потреба за да ги држи членовите на голем оркестар -синхронизирани. Како минувало времето, улогата на диригентот еволуирала повисоко од само синхронизирање на оркестарот. Тој не произведува музика, но помага да се произведе хармонична музика. А тоа го прави преку:

  • Избирање и прилагодување дела коишто оркестарот ќе ги изведува;
  • Истражување и прилагодување на музиката за да е соодветна со стилот и визијата на оркестарот; 
  • Водење на проби и давање уметнички придонес за да се подобри перформансот на оркестарот; 
  • Користење невербална комуникација за да ја пренесе уметничката вредност и порака на делото коешто оркестарот го изведува. 

Диригентот е во служба на музиката, оркестарот и композиторот за да се осигура дека делото е пренесено на публиката на најдобар и најавтентичен можен начин и да даде сè од себе, публиката да ужива во перформансот. 

Според Џошуа Бел, да се биде диригент значи балансираност на многу работи, а да се биде успешен во тоа значи често да се оди по многу тенко јаже. Бенџамин Зандер убаво дефинира дека диригентот ја покажува својата моќност преку неговата моќ да ги направи другите луѓе моќни. 

Оваа аналогија е многу блиска, затоа што и „продукт-оунерот“ не пишува ни линија код, за да изработи софтверски продукт. И тој исто така, е сервилен лидер на продуктот и тимот. Тој/таа не му е шеф на тимот. Исклучително силно се потпира на своите способности да слуша, да разбира, да појаснува и предлага. Да влијае на одлуки и да инспирира. 

Да резимираме, како „продукт-оунерот“ додава вредност?

  1. Го одржува фокусот.

Бројот на добри идеи, багови, барања е секогаш поголем од капацитетот на тимот. Треба да се осигураме дека се фокусираме на вистинските работи и не лутаме од една на друга идеја и со тоа да ја поткопаме суштината и квалитетот на продуктот. Тоа во пракса значи честа употреба на зборот НЕ и тоа на начин којшто нема да ги налути предлагачите. Значајно помага ако секое НЕ е пропратено со објаснување „кое држи вода“ за човекот кој прашува или предлага; 

  1. Ги одредува приоритетите.

Дури и кога одлучуваме дека некоја функционалност е вредна да се изработи, тоа не значи дека веднаш ќе почнеме. Продукт-оунерот треба да го одреди редот на изработка којшто ќе резултира со максимална вредност на продуктот за корисниците и бизнисот;

  1. Ги инспирира и мотивира тимовите.

Од причина што еден продукт не се изработува од еден човек;

  1. Се осигурува дека се изработува правата функционалност за софтверскиот продукт.

Пишува : Данче Масларова Стојановска

Уписите за новата генерација студенти на Академијата за Product Owners (PO) е во тек! Погледни повеќе на овој линк.

Аплицирај за стипендија!

Институт за развој и поддршка на прогресивни образовни политики и иницијативи од неформално и формално образование преку едукација и имлементација на проекти и активности поврзани со дизајн и технологија.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ