Institute of Design and Technology - IDT Skopje interviewed Nino Karas CEO/Co-Founder of CodeWell - „Why does a IT company need a Product Owner Manager“

Интервју со Нино Карас

Во потрагата по инспиративни лидери и иновативни компании од коишто можеме да научиме нешто повеќе за моменталните потреби, актуелните трендови и идни очекувања во ИТ-индустријата, го запознавме Нино Карас, еден од основачите на CodeWell – компанија формирана 2011 година и една од нашите најнаградувани и светски докажани компании, специјализирана во полето на вештачката интелигенција со фокус на дигитални асистенти.

Со Нино разговараме за потребата од „Продукт-оунери“ (Product Owners) (PO) / менаџери во една ИТ-компанија и идните очекувања за оваа актуелна професија.

  1. Нино за почеток, зошто е важно за една ИТ-компанија да има „продукт оунер“ или продуктен менаџер? Кои функции и одговорности ги извршува ова лице?

Се работи за улога чијашто примарна цел е успех на продуктот. Доколку продуктот е брод, станува збор за капетанот! Се работи за стратешка улога, за којашто се потребни многу различни вештини. Продукт-оунерот се грижи за визијата на продуктот на највисоко ниво и спроведување на истата во успешен продукт.  Toj мора да ги разбере потребите на клиентот и крајниот корисник, да ја дефинира визијата и да ја преведе во Roadmap и во континуитет да го надгледува и комуницира имплементирањето на продуктот со членови од различни оддели, инволвирани во развојот на самиот продукт.

  1. Кои фактори за компаниите се од клучна важност за да се појави потребата или зголеми потребата од овие кадри? Кога е најдобро да се инвестира во овие кадри?

Во моментот кога компанијата ќе почне да работи на креирање на сопствен продукт, неопходно е некој да ја преземе улогата на Product Owner. Вообичаено, тогаш е и моментот кога треба да се инвестира во кадри кои ќе се грижат за новите продукти, подпродукти или имплементации коишто ги планира компанијата.

  1. Каква е потребата за „продукт оунери“ во Кодвел?

Нашиот главен продукт е CodeWell AI (www.codewell.ai) – платформа којашто овозможува креирање на  дигитални асистенти кои зборуваат на ниво на човек и кои можат да бидат истренирани како експерти во било кое поле.  Преку CodeWell AI, градиме дигитални асистенти кои директно услужуваат клиенти на компаниите и автоматизираат процеси во делот на корисничката поддршка и продажба. Поради тоа што CodeWell AI-асистентите стануваат нови „дигитални вработени” во компаниите, секој дигитален асистент е поинаков и посебен. Затоа секоја нова имплементација на платформата е предводена од Product Owner. 

  1. Со кои предизвици се соочувате во потрагата по овие кадри?

PO треба да има специфичен скоп на вештини и познавање од различни сфери (технички, UX, маркетинг, бизнис…) за да биде успешен во улогата којашто ја извршува. Треба да биде добар организатор, мотиватор и лидер, способен успешно да комуницира со луѓе од различни оддели и позадини, со цел стратешко спроведување на визијата за продуктот. Токму поради тоа што се потребни специфични вештини од различни области, е тешко да се дојде до Product Owner-кадри кои се способни бргу да се прилагодат и да ја преземат таа улога на некои од продуктите на коишто работиме. 

  1. Што може да очекуваме во иднина за оваа професија, дали ќе расте нејзината побарувачка на светско ниво и зошто?

Секоја година се лансираат околу 30.000 нови продукти во светот, од коишто 95% се неуспешни и пропаѓаат. Причините се различни, од лошо планирање и неточни претпоставки, до решавање на проблеми коишто не постојат. Поради ова сѐ повеќе се зголемува свесноста во светот за тоа колку е важно да се разбере проблемот којшто се решава, за кого се решава, која е иновацијата којашто ја воведува продуктот и колкав е потенцијалот на пазарот. Со други зборови, компаниите сѐ повеќе ја разбираат потребата од систематизација на процесот и воведување на улогата на добар Product Owner кој е во центарот на развој на даден продукт. Поради ова и поради фактот дека живееме во свет којшто е предводен од иновации и претприемништво, верувам дека потребата од квалификуван кадар на оваа позиција ќе се зголемува во иднина.

Уписите за новата генерација студенти на Академијата за Product Owners (PO) е во тек! Погледни повеќе на овој линк.

Аплицирај за стипендија!

Институт за развој и поддршка на прогресивни образовни политики и иницијативи од неформално и формално образование преку едукација и имлементација на проекти и активности поврзани со дизајн и технологија.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ