Institute of Design and Technology - IDT Skopje interviewed Kunal Patel, Head of Product Owners at Allocate Software

Интервју со Кунал Пател, Head of Product Owners во Allocate Software

Ако сакате да научите нешто, обратете се на личност која може да ве научи од сопственото лично искуство. Ако со разговорот сте го изгубиле чувството за време и простор, тогаш сте научиле нешто…


Read the interview in English.


На наша голема чест, имавме можност да разговараме со г-дин Кунал Пател (Kunal Patel), Head of Product Owners во „Алокејт софтвер“ (Allocate Software), кој има искуство во оваа ИТ-компанија скоро цела деценија и кој бил на неколку функции во секторот за управување со производи повеќе од 15 години.

Разговорот има за цел да нè приближи до професијата „Product Owner“ и да обелодени повеќе дилеми преку анализа на развојот и појавата до улогата денес, до потребите и карактеристиките што треба да ги поседува една личност за да започне кариера во ова поле.

 

Г-н Кунал, навистина е импресивно да се сретне човек кој поминал низ многу функции во процесот на управување со производи, особено во ИТ-индустријата, и кој пораснал со развојот на професијата – од аналитичар на ИТ-операции, проектен менаџер и менаџер на производи до раководител на „стопанствениците на производи“ (Product Owners) во „Алокејт софтвер“ во текот на изминатите 15 години. Со оглед на фактот дека сте со „Алокејт софтвер“ скоро една деценија, колку се промени улогата на оваа професија денес од самиот нејзин почеток?

Одлично прашање. Би рекол дека најголемата промена е што улогата стана поструктуирана и што со текот на времето и улогите и одговорностите станаа појасни. Во една од првите компании за која работев сакавме да вклучиме „Скрам“ (Scrum) и како дел од него, да ја претставиме улогата на т.н „стопанственик на производот“ (Product Owner). Во тоа време, дефиницијата не беше многу јасна, па решивме да направиме своја и се одлучивме за хибридна дефиниција: „аналитичар/ка за бизнис/проектен менаџер/ка, кој/а, меѓу другото, работи и со развојниот тим“. Веројатно постојат компании кои сè уште функционираат така, но генерално, нашата денешна позиција е дека оваа претходно создадена улога на „човек за решавање на проблемите“ (анг. ‘catch all’ role) инкорпорира различни сегменти со кои се занимаваат менаџер(к)ите на производите, деловните аналитичар(к)и, стопанствениците на производите и инженерскиот менаџмент.

Ваквите јасно дефинирани улоги дозволуваат повеќе време да се фокусираме на клучните работи како стратегијата, истражувањето за клиентите, донесување одлуки водени од податоците и стремежот за извонредност во испораката. И, најважното, самата улога на (Product Owner) еволуираше и сега ја гледаме употребата на (Scrum Product Owners) – повеќе како оригиналната улога на стопанственик на производот (Product Owner) и управување на производот во целост, од стратегија и визија до испорака – до „стопанственик на безбеден производ“ (‘SAFe Product Owner’) – кои се повеќе фокусирани на деталите за производот, залихите и соработката со развојните тимови.

Накратко, организациите имаат поголем избор околу тоа како сакаат да ја имплементираат улогата на еден (Product Owner).

 

Оваа професија денес добива сè поголемо значење, зошто е тоа така?

Како што софтверските организации растат, им се зголемува бројот на клиентите и стануваат посложени, па неизбежно се јавуваат и повеќе гласови што треба да се земат предвид при одлучувањето што ќе се развива следно. Улогата на еден (Product Owner) помага да се креира структура на начинот на донесување на одлуките и гарантира дека постои соодветен канал за комуникација од поширокиот бизнис во развојната функција. Ова е од непроценливо значење бидејќи гарантира дека развојната функција се фокусира на „вистинските“ работи и со вистинско ниво на информации за да биде продуктивно.

 

За да ни биде појасно, дали потребата за оваа професија е поврзана со растот на ИТ-компаниите и нивото на нивна имплементација на методологијата „Скрам“ (Scrum) и што да очекуваме во иднина?

Официјалната улога на еден (Product Owner) настана со (Srum), но чинам дека одговорностите на улогата постојат многу подолго и ги извршуваат разни луѓе. Што се однесува до иднината, верувам дека улогата ќе продолжи да се развива со воведувањето на новите технологии и процеси. Меѓутоа, основните аспекти на улогата (интеракција со засегнатите страни, управување со заостанатите работи, да се биде мост помеѓу бизнисот и тимот за развој) ќе останат константни.

 

Која е вистинската личност за позицијата на Product Owner? Дали се тоа луѓе кои доаѓаат од секторот маркетинг, продажба или можеби од одделот за ИТ? Или можеби тоа е некој/а совршен/совршена проектен/проектна менаџер/ка или менаџер/ка на производи?

Зависи. Идеално, тоа би биле некои кои би имале практично искуство во софтверска организација каде извршувале слична улога. Сум работел во различни компании и сум ангажирал луѓе од различни средини. Клучните работи што ги бараме се тие да ги покажат атрибутите (во која било професија) што ги бараме кај еден (Product Owner). На пример: одлични вештини за комуникација и планирање, да ги запазуваат деталите, да бидат љубопитни да учат и да ја испитуваат нормата. Бонус поени се ако покажат подготвеност да влезат во полето на професијата преку курсеви и стекнување дополнително практично искуство.

 

Која возраст е идеална за студирање и започнување со работа во оваа професија? Дали можат возрасните да се преквалификуваат и какво претходно искуство би им помогнало?

Возраста е само бројка 😊 Очигледно е дека искуството е важно, но сум работел со одлични (Product Owners) од сите возрасти. Клучното е да ги покажете преносливите вештини од која било професија од каде доаѓаат во улогата на (Product Owner).

 

Биди дел од првата  Академија за Product Owners.

Институт за развој и поддршка на прогресивни образовни политики и иницијативи од неформално и формално образование преку едукација и имлементација на проекти и активности поврзани со дизајн и технологија.

ПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ