Скала Магазин – Прв печатен број!
ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ, НАШАТА ЗАЕДНИЦА ДЕНЕС Е ПОБОГАТА – ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ ПРВИОТ БРОЈ НА СКАЛА МАГАЗИН!
Мијте заби, врзете патики, на точак или пеш и правец на промоција:
# 136 страници, гооолем формат;
+ 3 типа супер квалитетна хартија и печат;
+ пример за дизајн и фотографија;
+ содржина којашто ќе се препрочитува постојано, засекогаш;
+ задолжителна лектира за вашата библиотека.
Ве очекуваме на сончева дружба [14 мај, помеѓу 15 и 19 часот], во рамки на саемот за размена на креативни искуства и размисли Добро утро креативци кој ќе се одржи на зелениот трем во Public Room + хепиаур коктели + Мартина Пенева која ќе го дополни амбиентот со диџеј сет според новите [моментални] препорачани општествени норми од секторот за децибели при надлежното министерство.
Првите 100 броја од магазинот ќе можат да се купат по промотивна цена од 600 денари – резервирај си го твоето списание по промотивна цена или купи онлајн веднаш!